Мртвите не се единствените кои можат да горат во пеколот...
Сите жртви умираат на сосема различен начин, но она што им е заедничко, е тоа што пред да ги совлада смртта и за последен пат да ги затворат очите, видното поле им го окупира токму нејзината фотографија. Нејзиниот лик е последното нешто што го гледаат пред да преминат на оној свет. А сега е дојден и нејзиниот ред, редот на последната жртва. Листата на убиецот ќе биде комплетна само тогаш кога и таа ќе им прави друштво на останатите. Само тогаш, кога ќе гори жива.
Огнот можеби ги прочистува душите, но дали тоа е случај со лудилото и гревовите?
Одговорот на ова прашање е толку тежок и сложен колку и природата на самата жртва, затоа што таа не е како сите други. Таа е посебна, таа е поинаква. Таа најмногу треба да страда. Затоа е оставена и како последна, на милост и немилост на пламените јазици, за да го јагленисаат до непрепознатливост нејзиното виновно тело.
Крајно возбудлива и екстремно необична приказна која огнено ќе ве обележи, забрзувајќи ви го пулсот.