"Кога пристигна во болницата, Фаик одвај имаше шанса да ја прегрне мајка си пред да биде одвлечен од бран медицински сестри да се снаоѓа во бирократија, бидејќи кога на некој му умира близок човек, една работа на која може да се смета дека ќе го приземји, дека ќе му го врати умот меѓу живите, е бирократијата. Бирократија е, впрочем, многу практичен начин да му се каже на човек среде трагедија дека животот продолжува, повелете сметка..."
Во својата дебитантска книга "Mлечни заби" Хана Корнети впечатливо ни ја приближува својата генерација млади луѓе родени во 1990-тите. Низ расказите за младите индивидуи, за нивните радости и таги, лични победи и порази, надежи и сомнежи, авторката ни ги долувува не само нивниот интимен универзум, туку и начинот на кој тие го согледуваат светот. Ликовите од ова дело се претставени во карактеристични пресвртни моменти од растењето и созреваето, во кои се соочуваат со реалноста која е во расчекор со нивните очекувања и сфаќања, и низ тој судир ги испитуваат своите идеали, развивајќи го својот светоглед и продлабочувајќи го своето Јас.