Најновиот роман на Владимир Јанковски Ехото на акробатите, добитник на наградата Пегаз за најдобар необјавен роман во 2024, повеќе е граматика на љубовта, отколку што е љубовна приказна. Не напуштајќи ја својата препознатлива раскажувачка поетика базирана на љубовта со сите нејзини убави лица и грди опачини, Јанковски овојпат подлабоко загребува и во општеството и во семејните односи. Ехото на акробатите е скршена семејна фотографија со татко во центарот и деца расфрлани по периферијата, наративна сложувалка со 100 глави и недоброј значенски опашки. Со мајсторски минимализам и кристално избрусен стил, Јанковски филмски јаи змонтирал приказната за тагата и празнината, за успехот и неуспехот, за подемот и падот на едно семејство... со досетливи, длабоки и незаборавни кадри и резови.