По смртта на естравагантната авторка Ноемија Нера, нејзините отуѓени ќерки се враќаат во готската опатија каде што пораснале поради отворање на тестаментот. Шокирани од содржината на документот, на Долорес и Исидора не им преостанува ништо друго, освен да се погрижат за наследството, но престојот во морничавата опатија, опкружена со шума и гробишта, за Исидора се претвора во кошмар. Почнува да гледа лица што не треба да се таму и луѓе коишто никој друг не се сеќава дека ги видел. Откако ќе забележи девојка што би требало да е мртва веќе шеснаесет години, Исидора почнува да пропаѓа во лавиринт од лудило и очај, а од секој мрачен ходник демнат спомени на негрижа, духови од декадентни забави и соништа со давење. Кога веќе не можеш да си веруваш на сеќавањата, како можеш да се спасиш од тотален мрак?