Свеќите се топат и стануваат восок, она што веќе биле. Мразулците се топат, стануваат вода. И луѓето стануваат она што биле пред да добијат свое тело – душа.
„Ронлива“ е поетски роман кој протекува преку внатрешниот шепот на главниот лик. Еден громогласно тивок глас се шири како ехо низ страниците. Текстурата на оваа книга е нежна, но изгравирана со длабоки гребнатини од остар предмет, по тело кое длабоко чувствува, кожа со засеци наполнети со густ и монохромен колорит.
Оваа книга е насликана со прецизно растреперена четка, како што обично се сликаат пукнатините. Тоа се тие напукнувања кои, ако се зацелат, со време стануваат посилни од целината, но ако не се зацелат, остануваат вечни бразди. Јасно е дека ракописот се пишувал по тактот на срцебиењето. Или според звукот на дождовни капки кои долго удираат по первазот на прозорецот во доцноесенска квечерина.
Никола Пијанманов
Со своето богато и умешно ткаење ова дело ги доловува суптилните каденци на непознатите реалности сместени во секојдневјето, откривајќи глас што е онолку необичен и длабок колку што е исклучително човечки.