Жанровски погледнато, ова романескно остварување припаѓа на т.н. „модернистичка струја” во современата македонска книжевност. Стилот на пишување е исплетен со благ хумор и иронија, преку кои авторот имал намера не да ги жигоса, туку да ги разобличи лажните политички, социјални и морални вредности. Главните ликови се луѓе од секојдневиоето, чии анонимни животни драми се уметнички обработени и преку нив на уникатен начин е претставена тогашната градска атмосфера и менталитетот на скопјани. Местото околу кое се развива сижејното дејство е кафеаната „Зора”, сместена во населбата Дебар Маало. „Зора ” е местото каде се евоцираат спомените за повоено Скопје. Следејќи ја судбината на кафеаната од нејзиното отворање до нејзиното рушење, раскажувачот ги следи судбините на мноштвото ликови кои дефилираат таму.